Охрид / I
14.10.2016 • XVI - XIX век Информации
Уникатнато културно обединување создадено во текот на постоењето на Отоманската Империја доведува на формирање на специфична архитектура во нејзиниот централен дел. Македонската народна архитектура е дел овој контекст, контекст од особена вредност и квалитет. Оваа типологија на централниот дел од Империјата сè одликува со јасни карактеристики и особености, со изразени регинонални разлики и особености, воглавно етнички и религиозни варијации.
Професорот Борис Чипан во воведот на публикацијата насловена како “Стара градска архитектура во Охрид” наведува:
“Немаме причини, сето ова архитектонско наследство да не го сврзуваме со Ориентот.Точно на овие примери не треба да се срамиме што не сме наследници на европската цивилизација. Монументалната архитектура ги има своите корени во далечната Византија, а османлиското градежништво е само етничка и програмска нејзина модификација. Како и Византија, така и Отоманската империја беше многунационална држава. Турската власт ги обединуваше овие националности не само политички, туку и културно. Таквата историска состојба создаде единство на стилот.
Но, ако добро го познаваме феноменот архитектура, никако не смееме да го заборавиме етничкиот фактор. Во рамките на стилско единство, помогнат од климатските разлики, тој модифицира специфичности. Тие и припаѓаат на нацијата.
Центри и простор со значително присиство на “Отоманска типологија на куќа” @MAPX
Примарните особеностите на оваа типологија сè:
План и поставеност: Генералниот типологија на планот се одликува со мал двор и позицијата на куќата во потрага на добра ориентација и адаптација на природните зададености на околината.
Концепција на просторот: Централната функција на куќата се домашниот живот и боравењето и посредните простории за нивно обавување. Користењето на просторот и неговота поделба е примарно од функционален аспект, овозможено со стандардизирани елементи и димензии.
Струкутра: Лесната дрвена конструкција (бондрук) поставена над камено приземје è доминантната техника користена при градба на објектите.
Архитектурата на градот Охрид која è и нашиот примарен фокус на оваа објава, се одликува со исклучително вредност и особеност и е изградена воглавно во текот на 19ти век и со некои исклучоци кои датираат од 18тиот век. Посебноста на охридската архитектура и нејзината варијација од примарната типлогија се должи на два предуслови под кои таа самата е оформмена. Поставеноста на градот Охрид и помеѓу два рида и езерото, и опшествените услови под Отоманската империја.
Со населувањето на Турците на територијата на градот Охрид, и нивно групирање во плодната долина, доведува D ограничување на Христијанското население во средновековниот дел на градот во рамките на трвдината и маалото Месокастро надвор од истата. Овој услов доведува до развој на два типа на Охридска куќа, воглавно Христијанска куќа изградена на стрмниот ридест терен во стариот дел во градот и воглавно Муслиманска куќа на рамниот дел од градот.
Мапа на двата типа на Охридска куќа. Просторот со точки го преставува вториот тип на Охридската куќа лоциран на рамниот дел од градот. @MAPX
Првиот тип на куќа воглавно муслиманската куќа се карактеризира со особености што сè последица од спецификите во станбената програма и неограничените услови за избор на место и големина на градилиштето. Заедничкиот градежен метод и заедничките карактеристики на ликовниот израз се одлики и обединувачки фактори на двата типа на објекти. Муслиманската куќа секогаш имала на располагање неограничен рамен терен, богат со вода и зеленило. “Немало потреба да се развива во височина и затоа по правило, е концетрирана на приземје и еден кат. Живеењето на кат е израз на станбена култура. Влага, изложеност на неконтролирани погледи, слаби услови за осончување и вентилација – се непријатности на просторот на нивото на земјата.”
Куќата на Пашо Ага -Зулфиќар Шашко (местото на Народниот театар Охрид) –
@Алпер Махмуд
Во внатрешната организација муслиманската куќа наполно се задоволува со упростена симетрична шема. Централниот хол служи за престој и ги обединува станбените одделенија. Со висински модулации на подовите, тој ги диференцира функциите. Подолу – простор за комуницирање, погоре – миндерлак (диван-хана) , простор за прием и седење. Собите се најчесто по две од секоја страна на оската на симетрија. Тие служат за спиење и престој на женските членови на семејството (харемлак).
Улица Самуилова. @Охрид слики од минатото.
Вториот тип на Охридска куќа или воглавно Христијанската куќа се развива на неправилниот камен терен помеѓу ѕидините и езерото. Овој тип исто така ги содржи заедничките карактеристи на архитектурата но сложениот и комплициран терен како и големата густина на население на мал простор придонесол за равој на таканаречената “атипична куќа” куќа која е надвор од секакви можности за шематизам. Овие услови ќе придонесат до развој на огромен број на различни решенија и форми на дизанот. Куќата претставува жив организам, способен да заземе секаков облик во зависност од разноликостите на зададеностите. Атипичната куќа како главна цел се стремела да ги задоволи функционалните потреби кои куќата требала да ги исполни.
Главните услови кои ќе придонесат до развојот на овој тип куќа се:
-Теренските услови се: стрмно градилиште и нерегуларни парцели за градба.
-Густината на населението.
– Опшествените услови, животните навики и материјалните можности.
Куќата на Грунчеви (антички театар) @Владимир Тунтев.
Условите на минимално градилиште го тераат мајсторот од минатото да усвои концепција на вертикална поделеност, со конзолно испуштање на секој нареден кат по потреба. Секој поединец, според своите материјални можности се бори за повеќе простор во ширина и висина, правото на пристап и влез до куќата, правото на сонце и отворени погледи, правото на не пречење на соседот се елементарни регулативи. Може исто да се напомене дека растењето на куќата во височина и испуштањето на конзолните волумени не е потрагата по зголемување на домот, туку е производ на социјалните и културните промени кои се случуваат во почетоток на 19ти век со развојот и зголеувањето на Христијанското население. Како главна карактеристика на охридската вискока куќа е нејзиниот развој во височина, како спротивност на куќата во рамнината која подлегнува на симетрија и развој во широчина.
Развој кај високата Охридска куќа @MAPX
Заеднички за целата архитектура од таа епоха се проектанстските методи, градежната техника и употребениот материјал. Проектанстските методи се базираат врз чиста функционалност од органски карактер. За таков творечки процес не е доволна само фантазија, туку пред се опит наследуван низ времето. Со сета скромност и објективност на анонимноста, македонскиот мајстор се учел на традицијата и високо го почитувал својот занает.
Примерите од старата градска архитектура во Охрид, што ќе бидат изнесени во наредните делови хронолошки се однесуваат главно до втората половина на XIX век. Исклучиво мал број куќи можат да се оценат како градби од првата половина на векот, или порано. Разликата меќу овие две хронолошки групи е видлива, во надворешниот израз и сознанието на причините за ова ни се чини од голема важност. Во суштината на оваа временска класификација се наоѓаат влијанијата од Запад, во втората половина на XIX век, воглавно во склоп на богатите трговски куќи.
Главната структура на серијата објави за градот Охрид е преземена од првата публикација на архитект и професор Борис Чипан (1918 – 2012), насловена како “Стара градска архитектура во Охрид” издадена 1955 год,
Материјалот го приложија и обработија: Стојаноска Софија / Мартин Ефремовски
Автор на статија: marh