Архитект Стеван Смилевски е добитник на наградата „Андреја Дамјанов” за 2024 година
28.05.2025 • Информации

Ја пренесуваме веста дека е избран добитникот на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2024 година, тоа е нашиот колега, архитект Стеван Смилевски.
Жири комисијата во состав:
Здравко Рафаиловски, претседател
Ранчо Христов, член
проф. Александар Радевски, член
Мето Хаџи Андов, член
М-р Филип Конески, член
беше едногласна во врска со одлуката за доделување на наградата.
Свеченото доделување на наградата пратено со изложбена поставка од авторот, ќе биде организирано во текот на втората половина на месец Јуни 2025 година.
Користени извори:
Фотографијата која е употребена во колажираната насловна, е превземена од Слободен Печат.

Автор на статија: Filip Koneski
2024 / Андреја Дамјанов / животно дело / Награда / Стеван Смилевски