Атеље за резбар / Ристески, Гугоска
16.09.2021 • Студентски проекти
Година: 2021
Семестар: IV
Проектна задача: Проектирање на атеље за резбарот Дарко Нелоски во Старата скопска чаршија
Предмет: Архитектонско студио 4
Автори: Ристески Марио, Мартина Гугоска
Педагошки тим: проф. Јован Ивановски
Локација: Скопје
Проектот претставува ателје кое се наоѓа во Старата скопска чаршија наменета за еден резбар, Дарко Нелоски, кој ја црпи својата инспирација од урбаната околина, луѓето, и социјалните случувања. Објектот се состои од простори за резбање, дневен престој и место за изложба.
Локацијата на проектот е во Старата скопска чаршија, на агол од улица кој е руиниран и запуштен. Во рамките на микро-блокот на дуќани со различна намена, локацијата гледа кон Араста џамија, додека се наоѓа на самиот агол од неправилна улица. Со интервенирањето на ова место се пополнува целосното локално урбано ткиво.
Обликот на објектот произлегува од постепено отсекување на сегмент од максималниот изграден волумен. Истиот сегмент на одреден начин ја дуплира морфологијата на блокот во рамките на самиот објект преку пробивање на неправилен пасаж кој низ објектот. Остатокот од аголот станува простор за изложување, додека внатрешноста на волуменот и катот ја вдомува програмата на атељето.
Отсечениот аголен сегмент станува посебен просторен елемент кој е одвоен од остатокот од објектот и во основата и во пресекот.
Комбинираниот конструктивен систем овозможува просторна флексибилност. Кон соседните објекти се поставуваат масивни ѕидови додека останатиот дел од објектот се носи на челична конструкција.
Автор на статија: Љубен Трајаноски
Архитектонско Студио 4 / Марио Ристески / Мартина Гугоска / стара скопска чаршија