„Behaviorology in Ohrid” – Летна школа за архитектура при UACS
29.06.2015 • Информации
Behaviorology in Ohrid е тема на Третата во организација на Факултетот за Архитектура и дизајн при Универзитет Американ колеџ Скопје. На годинешната сесија, што ќе се одржи од 28 јуни до 5 јули во Охрид, ќе учествуваат 25 студенти од Јапонија, Србија, Албанија и Македонија. Раководители се архитектите од Јапонија, основачи на едно од најпознатите светски архитектонски бироа Atelier Bow – Wow – архитект Д-р Yoshiharu Tsukamoto, вонреден професор на Tokyo Institute of Technology и архитект Momoyo Kaijima, вонреден професор на University of Tsukuba. Специјални гости на школата се архитектите од Хрватска, Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина, визитинг професори на УАКС.
За времетраење на Школата, ќе се одржат три отворени предавања во Културниот дом Григор Прличев во Охрид;
Во понеделник, 29 јуни предавање ќе одржи архитект Yoshiharu Tsukamoto, во вторник, 30 јуни свое предавање ќе има архитект Krešimir Rogina и во среда, 01 јули предавање ќе одржи архитект Momoyo Kaijima. Сите предавања се со почеток во 19 часот.
Автор на статија: marh