Борба за Влае: Колку зеленило останува ако се донесе предлог ДУП-от?

КОЛКУ ЗЕЛЕНИЛО ОСТАНУВА АКО СЕ ДОНЕСЕ ПРЕДЛОГ ДУПОТ?
Некои работи треба да се нацртаат за да бидат појасни.

На следната слика ги обележавме само најмаркантните нови градби во Влае 2. Најголем дел од нив се наоѓаат на државно земјиште, дел на зеленило, некои на детски и спортски игралишта.

Тука се обележани само во плоштина. Висината е друг проблем, но за тоа друг пат, во посебен пост.

Според она што може да се пресмета од синтезниот план објавен од општината, вкупната површина за нови градби само на постоечко зеленило или јавен простор, кои ние ги обележавме, е 24.550,00 м2.
(вистинската димензија е поголема кога ќе се соберат сите нови улички меѓу куќите, зградите кои не ги обележавме и сл.)
А вкупното зеленило што ќе остане е 14.637,00 м2.
——————————————————————–
Значи вкупната површина САМО ОД НОВИ ЗГРАДИ ќе биде повеќе од вкупното зеленило.
———————————————————————-
Ако тоа не е доволно за да се тргнат овие згради од јавен простор и државно земјиште, тогаш да видиме поинаква математика.
Според Законот за урбано зеленило, Член 21, стандардот за зеленило по жител е од 25м2.

Според интервјуто на градоначлникот на Карпош, направено на Телма на 16.03.2022, тој планира да порасне бројот на зеленило по жител на Карпош од 7 на 11,2 м2 (не можеме да видиме колку е пишано во програмата).
Ако направиме проста математика и го броиме само зеленилото што е нацртано и „пријавено“ со предлог ДУПот тоа е 14637 м2. Ако се изградат сите предвидени згради и сите куќички станат П+1+Пк (некои и повеќе), максималниот број на жители според овој синтезен план, ќе порасне на 24.247.

 

 

Ако вкупното зеленило 14.637 м2 го поделиме на овие 24.247 жители тоа значи дека за секој жител на Влае 2 ќе има по ~0.6м2 јавно зеленило, достапно на ниво на градска четврт, на пешачко растојание од дома.
Еве, да бидеме добродушни и да ги додадеме зеленилото од дворот на школото, приватните куќи, северната страна на Порта Влае (што е див паркинг) и секоја тревка што излегува од распуканиот асфалт, вкупното зеленило по жител за Влае 2 повторно ќе биде далеку под препорачаните стандарди.

А Правилникот за стандарди и нормативи во урбанистичкото планирање по кои ововој ДУП е работен, само за детски игралишта вели 2 м2/жители.
Само за спортски игралишта вели 2 м2/жител.
А овој ДУП ги поништува двете детски игралишта и на местото на спортските игралишта става објект!

А каде е парковското зеленило?
Од населба со огромни тревници кои можат да бидат паркови, ќе станеме населба со згради и паркинзи.

Затоа овој предлог ДУП не смее да се донесе во оваа форма.
Зградите и паркинзите на јавен простор мора да се тргнат!
Затоа сите да пополнуваме анкетни листови и да ги носиме во Месната заедница на игралиштето на кеј.

 

Автор на статија: