Центар за чување на податоци / 1X2STUDIO
01.09.2020 • XXI век
Локација: Прилеп
Студио: 1X2STUDIO, Белград – Србија
Автори на идејно решение: Зоран Абадиќ, Јелена Богосављевиќ, Коста Димитриевиќ (соработник)
Основен проект: Мегарон инженеринг
Одговорен проектант: Бујар Муча
Година на проектирање : 2016 / 17
Година на изведба: 2018 / 19
Бруто површина: 1.307 m2
Оригинален наслов на проект: Business Continuity and Disaster Recovery Data Centre
Локација / фото>>>
Според проектот на 1X2STUDIO од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ, во Прилеп е изграден Business Continuity and Disaster Recovery Data Center, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на Министерството за внатрешни работи, пренесува српскиот портал „Градња“. Основната цел на проектот е да се обезбеди заштита на опкружувањето на објектот и на опремата (како и сите информации и софтвери) од кражби, вандализам, природни непогоди (вклучувајќи земјотреси), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувано оштетување од електрични напони, екстремни температури и слично.
Централно јадро
Соба во соба
Сервер-собата е дизајнирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со тоа и спречува ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на бекап и сервер-системите, мрежните компјутери и комуникациските системи.
Армирно-бетонски sидови
Основата на објектот ја сочинува двојна бетонска конструкција од масивни армирно-бетонски ѕидови, чие исполнување е од високоефикасен изолациски материјал, а со цел највисок степен на заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот – ѕидови, тавани и покрив – немаат никаков отвор.
Под постојан надзор
Во согласност со основната намена, овој објект бара одржување 24/7/365. За време на одморите и отсуствата, потребни се 5,5 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени во објектот, на позицијата техничар е 2, мрежен оператор 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 – на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зоната на периметарот приближно 10.
Извор: fakulteti.mk
Автор на статија: Filip Koneski
1X2STUDIO / Зоран Абадиќ / Опоравување од непогоди / Прилеп / Чување на податоци