Честит Илинден!
02.08.2015 • Информации
2ри август е голем ден во македонската историја. Во повеќе наврати македонскиот народ, овој датум го одбирал за значајни историски одлуки и случувања.
Во контекст на славата на тоа минато, во Македонија се изградени исклучително вредни архитектонско-уметнички остварувања за илинденскиот и партизанскиот период.
Едно од највредните остварувања е споменичниот комплекс „Македониум” во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска.
Ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
Оваа дело, се популазира во последните години на меѓународната сцена, како дел од смелата архитектонска доба на југословенските народи. До денес е објавен на сите попознати светски портали, а уште поинтересно е што влегува во перцепцијата на повеќе артисти, кои го илустрираат и реинтерпретираат. Споделуваме две од нив:
1. Популарната кубанска уметничка група „Лос карпинтерос“, во превод дрводелци, го изработија сликарското дело насловено како „Крушево лего“, дел од изложбата посветена на споменичната архитектура на југословенските народи.
Нивната работа можете да ја проследите на: www.loscarpinteros.net
Автор на статија: marh