Црква „Св. Мина“ / 1902
22.07.2021 • ХХ век / I половина

Година: 1902
Локација: Скопје
Црквата „Свети Мина“ во Скопје постоела се до 1963та година . Се наоѓала веднаш до стариот соборен храм „Света Богородица”.
Изградена била во 1902 година под влијание на грчката (односно влашката) и српската пропаганда. Во периодот на Првата светска војна била претворена во коњска штала.

На идеја на Митрополитот скопски Јосиф и директорот на банката „Вардар“, Милан Јовановиќ-Стојмировиќ, биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 година била обновена и претворена во Црковен музеј на Скопската епархија. Имала 250 м2 корисна површина и во неа требало да се чуваат икони, фрески и други реликвии.

Комплетно настрадала во земјотресот во 1963 година. Оваа црква за МПЦ-ОА е значајна, бидејќи во неа е донесена oдлуката за самостојност на МПЦ – потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година.
Истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент (Трајков). Постои иницијатива да се возобнови црквата, или евентуално целиот комплекс како музеј.

Автор на статија: Martina Shteriova