Дебар Маало и скопската историја која ја рушите!

Историјата на еден град се доживува и чита најмногу преку живите примери на минатите епохи. Разгледниците будат носталгии, предизвикуваат каење можеби за претходните грешки во одлуките на градските власти, но тековните константни рушења на и она малкуто што остана, предизвикува револт.

 

 

Да сте градоначалник на Центар,  да сте урбанист кој потпишува вакви планови, да сте архитект на кој не му пречи никогаш ниту една проектна задача е пример за македонското општество кое игнорира.

Можеме да имаме различни ставови по многу прашања, но потребата од итна и некомпромисна одлука во однос на евалуација на скопското градителско наследство не смее да биде предмет на ситни лични и инвеститорски ставови.

 

 

Време е професијата да превземе иницијатива за заштита на слоевите од историјата на градот што значат. Време е Дебар Маало да се заштити како амбиентална архитектонско-урбанистичка целина од културно значење за СКОПЈЕ, со јасна поделба на објекти со строга заштита и парцијална!

 

Додека говориме, иницираме, багерите работат. Се поздравуваме со уште еден објект од Дебар Маало!

 

Изгубен уште еден сведок на „Еклектично Скопје” – Ул 8-ми Март бр. 5

Станбена куќа на улица „Ленинова“ во Скопје

Замисли си нешто поинакво на ул.„Орце Николов“ бр. 128, 1000 Скопје