Димитар Димитров / 1925

Извори: Градителите во Македонија XVIII-XX век – Георги Kонстантиновски

 

Кратка биографија и достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата на Димитар Димитров

Димитар Димитров (25.12.1925, Радовиш) дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1953 година на тема Комбиниран објект од административни и хотелски содржини со кино сала на ул. „Даме Груев“ во Скопје, кај проф. Милан Злоковиќ.

По дипломирањето се вработил во Проектантското претпријатие за Македонија „Проектант“ од каде што продолжил со работа во Проектантската организација „Архитект“ која подоцна се трансформирала во „Македонијапроект“. Тука работел до завршување на својот активен стаж во 1990 година.

Неговата богата творечка активност се гледа од бројните архитектонски реализации во кои е втиснат впечатлив белег на авторската инвентивност.

 

Станбен блок „Пелистер“, 1957г.

 

 

Од нив позначајни се:

 

Административниот објект „Вардар увоз-извоз“, 1975г.
Станбената кула тип „М“, 1966г. / фото: www.okno.mk

 

Освен големиот број на реализирани индивидуални семејни куќи работел и на проекти за ентериерно уредување со задолжително негов надзор на изведбата:

  • 1987 – Ресторанот и мотелот во состав на бензинската пумпа во Тетово;
  • 1988 – Ресторанот „Маракана“ во градскиот парк во Скопје;
  • Продавницата на „Аудиоцентар“ во ГТЦ во Скопје.

 

Хотелот за самци на бул. „Партизански одреди“, 1976г.

 

Учествувал на повеќе архитектонски анонимни конкурси на кои освоил четири први награди. За својот креативен придонес на полето на архитектурата покрај повеќе признанија и пофалници ги добил и наградите:

  • 1978 – 11-ти Октомври, национална награда за уметност и рхитектура, за административниот објект „Вардар увоз-извоз“ во Скопје;
  • Големата награда на САМ за станбениот комплекс „Порта Влае“ во Скопје.

 

Станбен комплекс „Порта Влае“, 1984г.
Станбен комплекс „Порта Влае“, 1984г.