ENOTA е победник на конкурсот за нова спортска сала во Приштина

По неколку месеци од победата на Кенго Кума на меѓународниот конкурс за Концертна сала во Косово, оваа соседна држава повторно изненадува со распис на нов архитектонски натпревар за идејно решение за спортска сала во Приштина.

На овој меѓународен конкурс избрано е атрактивно и смело решение на словенското студио ENOTA, кое ја објави веста на социјалните мрежи.

Во прилог 3д визуелизации од победничкото решение>>>

 

* * *

Со оваа објава  отвораме нова категорија  „Од регионот“, со цел домашната јавност да создаде поголема слика каде се наоѓа македонската архитектонска сцена во споредба со нашата блиска околина.

Од тука треба да црпиме искуства, знаење и информации за интересни проекти и настани од Балканот, но пред се да се освестиме колку заостануваме или сме постигнале во чекорите кои ги правиме. 

Категоријата ја отвораме и поради големиот интерес на регионот за нашата страна, која често е посетена од професионалните кругови кои имаат интерес да се промовираат пред македонската јавност, често доставувајќи материјал и информации.

Се надеваме дека отвораме еден нов мост на соработка помеѓу македонската архитектонска сцена и регионот 🙂