ЕПОКСИДНИ ПОДНИ СИСТЕМИ

фото: Простории на Радо инженеринг

 

Епоксидните подови се широко прифатено решение за завршен слој на подната површина. Тие имаат одлична адхезија на бетонски подлоги, голема јачина на притисок и отпорност на абење. Хемиски се отпорни на киселини, бази, растворувачи и нафтени деривати, а се нетоксични во врзана состојба. Бидејќи се монолитни, целосно ги исполнуваат бараните стандарди на ХАСАП системот. Стабилни се на голем дијапазон на температури, од – 40°С до + 70°С.

Епоксидните подни системи имаат широка примена како завршна обработка на подови во: магацини, гаражи, паркиралишта, производствени погони за лесна и тешка индустрија, болници, кујни, ладилници, лаборатории, училишта, трговски центри, спортски сали, сервиси за автомобили, компјутерски центри, а во последните години се’ почесто се бараат и како завршен декоративен под во простории за домување. Различните решенија на нивната обработка даваат можност и за примена во објекти каде подовите се дел од архитектонскиот концепт на просторот.

За правилно аплицирање на епоксидните подови: Пред се’ треба да се има квалитетна бетонска подлога која мора да е постара од 28 дена, со завршен процес на хидратација, минимална јакост од МБ30, со максимален процент на влага од 5%. Подлогата треба да биде рамна, без сегрегација и цементно млеко и добро хидроизолирана – заштитена од капиларно продирање на влага од долната страна. Оптимална температура на подлогата при нанесување е во распон од +10° С до +30°С.

Во својата производна програма АДИНГ нуди повеќе докажани епоксидни подни системи:

АДИНГПОКС 1БП

Двокомпонентен епоксиден премаз за завршна заштитна и декоративна обработка на подни површини, со одлична адхезија за разни видови подлоги (бетон, цементен малтер или челик), со висока абразивна и бактериолошка отпорност, едноставен за изведба и лесен за одржување. Достапен е во повеќе бои, според тон карта, овозможува одлична естетска завршна обработка, а со помош на посип од полнила со разни гранулации или чипс се постигнува различен степен на противклизност.

 

 

Начин на вградување: На бетонската подлога која се обработува, треба да се нанесе предпремаз АДИНГПОКС 1П  или 1ПВ. Нанесувањето е со крзнен валјак, со втријување на материјалот на подлогата.

Материјалот се подготвува со замешување на А-компонентата со електричен бавен мешач, по што се додава Б-компонентата. Смесата се меша до потполна хомогенизација. Вградувањето се изведува со четка, валјак или со распрскување, во два слоја. Вториот слој на АДИНГПОКС 1БП се нанесува по целосно врзување на првиот слој, 24 часа по вградувањето, на температура од 10°С до 30°С, со влажност помала од 7%. Се препорачува нанесувањето да е во најмалку два слоја.

 

 

АДИНГПОКС 2

Саморазливен епоксиден систем за подови кој, во зависност од намената, бараната противлизгавост и оптоварувања, се аплицира во неколку варијанти на системот. Има одлична адхезија за разни видови на подлоги, добра отпорност на разредени киселини, раствори на соли и минерални масла, едноставен за изведба и погоден за едноставно одржување. Достапен е во повеќе бои, според тон карта, со што се постигнува одлична естетска завршна обработка, а со помош на посип од полнила се постигнува различен степен на противклизност.

 

 

 

Начин на вградување: Претходно спремната подлога,се прајмерира со АДИНГПОКС -1П или 1ПВ со втријување на прајмерот во подлогата со крзнен валјак. Пред замешување на материјалот, потребно е А компонентата да се промеша со електричен бавен мешач, по што се додава Б компонентата и се мешаат до потполно воедначување. Поради постигнување на поголема дебелина на подот, зголемување на неговата отпорност на абразија и подобрување на физичко-механичката отпорност на подот, се препорачува на замешаната количина од АДИНГПОКС 2 (А+Б) да се додаде АДИНГПОКС 2 Ц Компонента.

Количината на материјалот што се меша треба да биде во согласност со отвореното време за работа со материјалот. Апликацијата се изведува со назабена глетарка, по што нанесениот слој се обработува со боцкав валјак, за да се истисне заробениот воздух од епоксидниот слој. Обработката на аплицираната површина треба да се изведе во период од 15-20 мин. по нанесување на материјалот. Температурата на подлогата и амбиенталната температура треба да биде од 10°С до 30°С.

 

 

АДИНГСТАТИК 1

Електростатски и хемиски отпорен епоксиден премаз кој е наменет за простории каде се создава статички електрицитет, а со цел негово заземјување. Отпорен во услови на висока хемиска агресија. Има примена во производствени хали за електронска опрема, компјутерски центри, лаборатории, операциони сали, електронски лаборатории, производствени погони и магацини за бои, лакови и растворувачи, хемиски корозивни материјали, производствени погони и магацини за експолозивни и лесно запалливи материјали и сл.

 

 

 

Начин на вградување: Врз подготвената подлога која треба да биде прајмерирана со АДИНГПОКС-1П или 1ПВ, се поставуваат-лепат бакарни ленти во форма на рамка по краевите на полето и непречено по должина во неколку правци, а караевите на бакарните ленти се спојуваат со заземјување. По поставување на бакарните ленти, се нанесува црн спроводлив прајмер Адингстатик СП. Пред вградување двете компоненти се мешаат со електричен бавен мешач до нивна потполна хомогенизација. Нанесувањето на Адингстатик 1 се врши рачно со крзнен валјак. При нанесување, температурата на подлогата и амбиенталната температура треба да биде во граници од 10°С до 30°С, со влажност на воздухот помала од 70%.

 

 

АДИНГСТАТИК 2

Електропроводлив и саморазливен епоксиден систем кој е наменет за простории каде доаѓа до создавање на статички електрицитет, а со цел негово заземјување. Има примена во производствени хали за електронска опрема, компјутерски центри, операциони сали, електронски лаборатории, производствени погони и магацини за бои, лакови и растворувачи, производствени погони и магацини за експлозивни и лесно запаливи материјали и сл. Има одлична адхезија за разни видови на подлоги, висока абразивна и бактериолошка отпорност, едноставен за изведување и лесен за одржување.

 

 

Начин на вградување: Врз подготвената подлога која треба да биде прајмерирана со АДИНГПОКС-1П или 1ПВ, се поставуваат-лепат бакарни ленти, така да формираат мрежа 0,50 х 0,50 см, а краевите на баракните ленти се спојуваат со заземјувањето. По поставување на бакарните ленти, се нанесува црн спроводлив прајмер Адингстатик СП. Пред вградување двете компоненти се мешаат со електричен бавен мешач до нивна потполна хомогенизација. Нанесувањето се изведува со назабена глетарка. Нанесениот материјал се обработува со бодликав валјак, со цел ослободување на заробениот воздух во материјалот. Температурата на подлогата и амбиенталната температура треба да биде во граници од 10°С до 30°С, со влажност на воздухот помала од 70%.

 

 

Долговечноста на овие епоксидни подни системи зависи од начинот на експлоатација и одржување на подот. Подот, вообичаено може да се чисти со машини со ротациони меки четки со детергенти што се растворени во вода или со топла вода до 30°С.

Сите наведени материјали имаат СЕ сертификат и се изработуваат по стандардна тон карта. Препорачуваме овие епоксидни системи да ги изведува обучен и искусен тим.