Essential places / најава на 30-та летна школа по архитектура на АФС

Оваа година Архитектонскиот Факултет во Скопје ќе ја одржи 30-та летна школа по архитектура. Исто како и лани, таа ќе биде во онлајн формат и ќе го обработува регионот на Лазарополе.

Настанот ќе биде предводен од арх. Маруша Зорец од Словенија, која е дел од студиото Arrea, познато по низа реновации на историски објекти и урбани интервенции.

Ги повикуваме сите заинтересирани да го прочитаат воведот за работилницата и да аплицираат за учество.

 

 

 

 

 

Важни информации:

>> Работилницата ќе се одржи онлајн

>> Официјален јазик на работилницата е англиски 

>> Учеството е бесплатно

>> За апликација е потребно CV и портфолио (pdf фајл, максимум 5 проекти, на А4 формат), испратени не подоцна од 20-ти јули на ssarch@arh.ukim.edu.mk

>> Избраните студенти ќе бидат контакирани најдоцна до 26-ти јули

> На учесниците на летната школа топло им се препорачува да го посетат Лазарополе пред почетокот на работилницата

 

Извор: www.arh.ukim.edu.mk