Иднината како проект / Доксиадис во Скопје


THE FUTURE AS A PROJECT | DOXIADIS IN SKOPJE

Понеделник, 17ти декември, 20 часот,  Атина (The Benaki Museum / Pireos 138)

55 години после земјотресот во 1963  година, кој  демолира 80% од Скопје, за придонесот на Константинос А. Доксиадис во репроектирањето на градот е сеуште малку познато. Меѓувремено, историјата на модерните објекти кои ја формираа градската слика, откако студиото на Танге ги предвиди во новиот план, осамнуваат без валоризација.  Многу добри примери на метаболистичката и бруталистичката архитектура  настрадаа во последните децении.

извор>>>

Изложбата „Иднината како проект / Доксиадис во Скопје“, се отвора денес во Атина, каде за прв пат ќе биде презентирана работата на Доксиадис за Скопје, која вклучува детален преглед  на настраданите зони, стратегискиот план за градот и новите рамки на мастер планот. Истовремено ќе биде претставена и работата на Танге за центарот на Скопје, презентирајќи ги делата и на водечките македонски архитекти, чии дела сеуште опстојуваат во центарот на градот.

Покрај изложбата планирана е и меѓународна конференција која ќе се оддржи во Бенаки Музејот од 15 -19:30 часот, кружната маса ќе се оддржи на 18ти декември, по што ќе следува и промоција на каталогот.


извор>>>

Куратори: Калиопи Амигдалоу, Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Костас Тсимбаос

Асистент куратор: Христос Критикос

Изложбата е организирана во соработка помеѓу Грчкиот институт за архитектура, Музејот на град Скопје и Бенаки Музејот, додека како поддржувачи се јавуваат 
Athens 2018 – World Book Capital’ by the City of Athens, со финансиска поддршка од Министерството за култура и спорт на Р. Грција. 

Athens 2018 World Book Capital – City of Athens is made possible thanks to its donors and contributors. Major Donor is Stavros Niarchos Foundation. Gold Donors are John S. Latsis Public Benefit Foundation and Core SA. Donors are Onassis Foundation, Welfare Foundation for Social & Cultural Affairs, Laskaridis Foundation and Greek Collecting Society for Literary Works (OSDEL). Valuable contributors are Aegean Airlines, Athens International Airport, and Urban Rail Transport SA (STASY).See Less