ЈАВНО ПРЕДАВАЊЕ: ПОЗНАТИТЕ АРХИТЕКТИ МИОДРАГ КУЧ И КОНРАД БРАУН ВО СКОПЈЕ
26.06.2025 • Информации

Почитувани,
Со задоволство ве покануваме на јавното предавање на светски познатите архитекти Миодраг Куч и Конрад Браун ке ќе се случи утре, петок, во 20.00 во просториите на киното на Железничката зграда (ул. Борка Талевски 26) како дел од програмата ГРАДОТ КАКО СЦЕНА: EКОЛОШКИ ИДНИНИ во организација на здружението за култура и уметност Факултет за работи кои не се учат.
Темата на ова предавање е ,,Ре-акомодација на културните чинители”, а покрај него, во текот на денот во петок, архитектите ќе одржат затворена работилница со студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје како дел од јунската програма која ги испитува еколошките и трансформативни иднини преку праксите на колективите и архитектите од кои можеме да учиме,
Предавањето „Ре-акомодација на културните чинители“ ќе ги прикаже процесите на реконструкција на две важни (но многу различни) берлински згради: ЗК/У и Haus der Statistik (HDS). Различни по размер и архитектонски стил, обете згради се сместуваат на културните актери и урбаниот развој за општо добро.
Во случајот на ЗК/У историски богатиот индустриски комплекс е трансформиран од уметничка резиденција во платформа за разновидна културна сцена. Како модел проект за понатамошен развој на модернистичкото наследство, HDS отиде подалеку од реконструкцијата и стана прототип за соработка на културниот и административниот сектор.
Ве покануваме да го проследите предавањето во киното на Железничката зграда, а а воедно и да ја проследите подетално програмата на АКТО и ФРУ која оваа година во фокус ги поставува еколошките иднини, трансформациите на јавните простори преку прашањата за ре-употреба, поврзувањето на локалното и глобалното, како и транформацијата на урбаниот простор.
Повеќе за предавачите и информации за целиот настан погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/iOTgK
Се надеваме на вашето присуство во петок,
Со почит,
Тимот на АКТО/ФРУ

Автор на статија: Љубен Трајаноски
АКТО / Градот како сцена / Конрад Браун / Миодраг Куч / Факултет за работи кои не се учат / ФРУ