Хераклеја Линкестис

Период: Раноантички и раноримски период, II в.п.н.е. - IV в.н.е.

Хераклеа Линкестис е еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II како важен стратешки пункт. Остатоците од материјалната култура археолошки не се доволно истражени.

 

 

Хераклеја Линкестис се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење „Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното македонско племе Линкестиди. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба, односно ридот Тумбе Кафе и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Вија Егнација (лат. Via Ignatia) кој ги поврзувал Драч и Босфор. Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон Стоби, а потоа кон Сердика (ден. Софија).

 

 

Во центарот на градот се наоѓа плоштад над кој се простира ранохристијанската базилика. Форумот има правоаголен облик и тремови кои оделе наоколу. До него се пристапувало со улица. Плоштадот се развивал во две фази. Ранохристијанската фаза се преклопува врз постарата римска античка фаза. Пред влезот во пристапната улица (лево и десно) се претпоставува дека се наоѓале простории за одмор на трговците. Во почесниот трем биле поставени фигури на боговите и на почесни граѓани (почесни статуи). Во градот има ортогонална улична матрица.

 

 

Во склоп на Хераклеја е и една античка терма со аподитериум, фригидариум, тепидариум, калдариум, префурниум.

 

 

Значаен е античкиот театар (најмал од сите други антички градови) кој е поставен на природната падина на ридот – припаѓа на Хеленистички тип на театри. Римските театри се поставени на рамен терен, полукружни театрон и основа. Сите имаат мешовити белези иако се градени во новата ера (I и II век).

Во случајот на Хераклеја театарот е полукружен кој лежи на терен. Во централниот дел има убаво обликувана почесна ложа. Се пристапува од две страни. Има еден театрон. Првично бил наменет за борби на животни или луѓе со животни. Седиштата се изведени поскромно, има повисок парапет – белег на Римски театар. На парапетниот ѕид има вдлабнатини кои укажуваат на присуство на некаква ограда која говори за првичната намена на театарот за театарски претстави. Била подигната платформа со цел да се подобри акустиката на изведувачот. До скенската зграда се наоѓаат низа на арки, дуќани. За пренамената на театарот сведолат разноразни најдени артефакти.

 

 

Малата базилика во Хераклеа функционирала, со повеќе фази и преправки од крајот на IV до крајот на VI в. н. е.

Наосот со две колонади е поделен на три брода. Тој на исток завршува со апсида којашто од внатрешната страна е кружна и содржи седишта за свештеници, додека од надворешната е правоаголна. Олтарниот простор е декориран со мозаик во техника »opus sectile« и е издвоен со мермерна преграда, додека страничните бродови се патосани со подни тули.

 

 

Од археолошките наоди значајни се две глави (Глава на еден борач-боксер и Херакле со лавовска кожа). Една од позначајните фигури е копијата на статуата на божицата Атена Партенос. Оригиналот од оваа статуа се наоѓа во Партенон.

 

 

На тлото на Хераклеја се пронајдени остатоци од повеќе сакрални објекти украсени со подни мозаици направени во opus sectile и во opus tessalatum, датирани во V и VI век. Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (B), големата базилика (C) и цеметријалната базилика (D) – сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеја, покрај која се откриени ранохристијански и средновековни гробници.

 

 

Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во нивната местоположба, што зборува за високиот степен на рационализација на средствата и на просторот.