Хидроизолации кај рамни кровови и подруми / Филиповски

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје

Архитектонски Факултет

Автор: Љупчо Филиповски

Година: 2007

Рецезенти: Георги Константиновски, Владимир Симовски, Никола Павловски

Лектура: Лилјана Јанчевска

 

Од стручната литература, денес го споделуваме четивото поврзано со хидроизолациите на рамните кровови и подруми, нивна изведба, одржување, санација и реконструкција, дело на Љупчо Филиповски.

 

 

 

Изданието има 529 страни, раздвоено на XV делови. Меѓу нив во третиот дел се говори за примената на хидроизолациите во Македонија, низ примери од познати и значајни архитектонски остварувања.

 

 

Во останатите делови се говори за техниките, регулативата, различниот пристап согласно климатските региони, хидроизолацијата кај префабрикуваните материјали, производители и изведувачи од поранешна Југославија и Европа, проблемите кои се појавуваат низ годините, лабораториските ипитувања, зелените кровови итн.

 

 

Оваа тема е навистина значајна бидејќи штетите од лошо изведена хидроизолација се сериозен проблем. Рамните кровови и кровните градини се почесто се дел од новите објекти, па од тука и потребата за поголемо знаење за нивната примена и заштита.