Хотел Палас – Охрид / фотогалерија
03.02.2021 • Фотографија ХХ век / II половина
Локација: кеј “Македонија”, Охрид
Автор: Едо Михевц
Ентериер: Олга Русанова во соработка со Едо Михевц
Година: 1958
Фото / екстериер 2020/ : Борис Јурмовски
Фото / ентериер 2012/ : Даница Спасевска
,,1966., Охрид, хотел ,,Палас”
зима
.
“… Преку ден, на сонце, релативно топло, кога ќе зајде сонцето, студот апе; во хотелов (Палас) греењето пуштено колку да се каже дека работи… гости малку. Вниманието (повторно) ми го привлекува влезниот хол на рецепцијата: двовисински столбови, долги еднокраки скали ( подестот потпрен, не на еден, не на два, туку на четери кратки столбови – цилиндри: четири значи: четири страни на светот, цврстина, крст). Величествена игра, во координати под прав агол, на рамнини со различна содржина, текстура и боја, кои при меѓусебните допири формираат линии – граници на формитеи облиците во просторот. Системот на столбови го контролира модуларниот ритам и го одредува растерот од профили и стакло за разграничување на влезниот вестибил, холот, салите, спрема внатре, и спрема надвор, кон тремот и терасите… ме потсетува на некои скици од Корбизје!
(Од моите скромни познавања на примери на модерната архитектура во Европа (сега често патувам) ретко сум се соочил со вака успешен ентериер, модерен – европски, во исто време и традиционален – домашен. Треба внимателно да се набљудува, разбере и разоткрие – има што да се научи!)”
Извадок од Поповски,Ж., На Скопје, со љубов! : архитектонска мисла на Живко Поповски, приредувачи Христова А., Батакоја М., Скопје, Приватен принт, 2017, стр. 120-121
Автор на статија: Boris Jurmovski
Борис Јурмовски / Даница Спасевска / Едо Михевц / Олга Русанова / Охрид / хотел / хотел палас