In Memoriam / Љубица Никољска​​ 1936-2025

Ве известуваме дека на ден 28.7.2025 година по долго боледување почина инж. арх. Љубица Никољска​​

Погребот ќе се одржи утре, среда 30.7.2025 на градските гробишта Бутел во Скопје.

Опело за починатата ќе се одржи во  Капелата на Гробиштата Бутел Скопје од 11.30-12.30 часот.

 

Дом за самци

 

Инж.арх. Љубица Никољска е родена 3.7.1936 во Скопје . По завршување на класичната гимназија се запишува на Техничкиот факултет -Архитектонска насока .

Веднаш по дипломирањето (1965 година), од 1966 година па се до завршување на работниот век е вработена во ИСП Бетон – Скопје.

Во годините што следуваат таа ќе биде ангажирана најнапред тимски , а потоа и како самостоен проектант на повеќе од 60 објекти кои се реализирани во Скопје, Битола, (Дом на културата ) Штип (управна зграда, ресторан, хотел и детска градинка  на Астибо) и другите градови низ Македонија, во време на поранешна СФРЈ.

 

Станбена Зграда ул. „Орце Николов“

 

Работи и надвор од татковината за Либија-Мисурата, Ирак -Багдад, Русија-Дубрава и Камчатка-Петропавловск.

Настанаа низа на значајни објекти кои го одбележуваат градот Скопје – како што се Домот за самци во населба Аеродром , станбени згради во Капиштец, во населба 13 Ноември, во населба Карпош, Лисиче и други.

 

Дом на култура – Битола

 

Како врвни достигнувања кои добиле признанија во стручната литература и изложби на архитектурата секако се: станбената зграда на ул. Орце Николов (1977 година), Вилите ,,Цвеќара” и Водно (1975, 76 година), станбена зграда на ул.29 Ноември (1989 година), станбените објекти и вили кои го збогатуваат постземјотресно Скопје со еден карактеристичен ,,сензитивен брутализам” својствен  за архитектурата на Никољска.

 

Љубица Никољска​​

 

Автор на статија:

/ / /