Изложба и промоција на монографија на Владимир Георгиевски

Извор: Веб страницата на Министерство за Култура

Во Музејот на град Скопје денес, (7 декември, среда) во 20:00 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942 – 2017).

Изложбата, чиј куратор е Емил Алексиев, се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Во рамките на изложбата ќе биде промовирана и монографија за творештвото на Георгиевски во издание на Музејот на град Скопје. Автор на монографијата е Емил Алексиев.

Изложбата ќе биде поставена во Музејот на град Скопје до 31 јануари 2023 година.

При веста за неговото прерано напуштање на овој свет во 2017та година, пишувавме за делото и значењето на овој пред сѐ голем човек , но и професор и сликар – Владимир Георгиевски.