ЈАТО – merchandise
25.01.2019 • Информации
Тимот на ЕАСА МАКЕДОНИЈА моментално работи на организирање на предавања, презентации и дискусии во Скопје во соработка со интернационални студенти, преку кои ќе се обезбеди вклучување на сите заинтересирани студенти по архитектура во нашата држава во иницијативата за создавање на т.н. алтернативна школа за учење архитектура.
Тие активности се планираат да започнат во месец март со претставници од ЕАСА мрежата во Хрватска ( студентите по архитектура кои беа организатори на RE:EASA во Ријека ) за кои што се надеваме дека ќе ја поттикнат идејата за активно учество на студентите во создавање и развивање на архитектонска сцена во Македонија, која ќе биде предводена од самите нив.
Покрај тие активности тимот на ЕАСА МАКЕДОНИЈА приготвува и друг начин на инволвирање на македонските студенти по архитектура во форма на волонтерство, кој ќе биде директно поврзан со организирањето на главниот настан во октомври 2019, како и работлници и конкурси за подготовка на локацијата на која што ќе се случува истиот.
За таа цел, инспирирани од селото Трпејца, богато со карактеристични традиционални обележја, тимот на ЕАСА МАКЕДОНИЈА, дизајнираше официјален ЈАТО – merchandise за локална и интернационална продажба. Дизајните се базираат на три основни елементи карактеристични на локацијата – крава, риба и цвет на липа, како и официјалното лого на организацијата, во три бои – жолта, зелена и црвена.
( Дизајните можете да ги разгледате на страната: https://easamacedonia.wixsite.com/easamacedonia/copy-of-support )
Собраните средства ќе се користат за реализација на настанот „INCM JATO 2019″. Со купување на производите директно ја изразувате вашата поддршка и иницијатива во промовирањето на македонската архитектонска и културна сцена и зајакнувањето на меѓународната соработка со младите студенти и професионалци. За нарачка, контактирајте ги на официјален меил : easa.macedonia@gmail.com или easa.macedonia (instagram) https://www.facebook.com/easamacedonia/ (facebook).
Автор на статија: Filip Koneski