Одржана јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за Градска четврт 3 06, Блок 06 во о. Карпош

Неодамна здружението „Независни За Карпош – За Заштита На Карпош“ на својот профил на фејзбук објавија дека ќе се одржува повторена јавна презентација и јавна анкета за Предлог – Детален урбанистички план за Градска четврт 3 06, Блок 06 во општина Карпош.

Јавната анкета беше отворена за жителите на Карпош во периодот од 11.07.2023 до 17.07.2023 година, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот, во просториите на општината.

Повторната Јавна презентација пак, се одржа во среда (12.07.2023) со почеток во 13:00 часот, исто така во просториите на локалната самоуправа.

Инаку, планскиот опфат кој е предмет на уредување со овој Детален урбанистички план, зафаќа површина од 2.48 ха и неговата местоположба е дефинирана во рамките на следните граници:
на север со улицата „Прашка“,
на исток со улицата „6“,
на југ со транзитна магистрала, булевар „Македонија“,
на запад улица „7“.

Овој Предлог ДУП е проследен со реакции од граѓаните на општина Карпош и неколку здруженија. Здружението „Борба за Влае“  со својата реакција за овој предлог ДУП: „Уште еден ДУП објавен од Општина Карпош сред јулските одмори, со рок за давање коментари од 5 работни дена. Коментарите можат да се остават 11ти до 17ти јули, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на општината, за време на топлотен бран. А предлог ДУПот е најнехуманото решение возможно за овој четврт. Од дел од Тафталиџе во кој во моментов има многу дрвја ќе стане блок од огромни згради и мртов плочник. Никаков прогрес, само нагрдување на општината и влошување на животот на сите жители. (и секако, полнење на џебовите на шака луѓе)“

 

 

 

Извори и повеќе информации >>>

https://www.facebook.com/NezavisniZaKarpos

https://www.facebook.com/BorbaZaVlae/posts/