Job Fair – Саем за вработување и кариера

Job Fair – Саемот за вработување и кариера, ќе се одржи од 9-11 март на Градежниот и Архитектонскиот факултет, и подоцна од 5-7 мај на Kомплексот Tехнички факултети и-како новитет годинава- на Факултетот за Дизајн на мебел и ентериер . Саемот за вработување и кариера – Job Fair е саем кој има за цел да оствари контакт помеѓу студентите и компаниите. Како бренд на студентската организација Борд на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ, во Скопје е препознатлив веќе 11 години.

Студентите, преку оставање на своето CV, имаат шанса да добијат работа или пракса, во една од водечките фирми во Македонија, согласно со нивната област на стручност.

На саемот ќе имаат шанса и да разговараат со некои од најуспешните претставници на компаниите и лично да го презентираат своето CV, како и да присуствуваат на разни обуки и презентации. Саемот претставува одлична шанса студентите да се информираат подетално за работата на своите потенцијални идни работодавци, за најразлични пракси, стипендии и потребен работен кадар. Компаниите пак, имаат шанса да стапат во личен контакт со квалификувани и способни млади студенти со кои во иднина би соработувале.

Сите заинтересирани можат да го остават своето CV на официјалната страна на Job Fair www.jobfair.org.mk каде што можат да најдат подетални информации за команиите учеснички како и да се пријават за предавањата и презентациите.

Ве очекуваме!

———————————————————————————————————————————————

официјално обраќање од БЕСТ

Фотографии од настанот (Борис Јурмовски):

10924188_10206335173444806_5667661680152843506_o

10369067_10206335167924668_8611488252097030832_o

11045351_10206335173124798_7435534964707555563_o

11025835_10206335156484382_3875848127190840913_o

11046412_10206335161924518_4425063501922033091_o

Автор на статија: