Повеќенаменски комплекс во Скопје / A TASARIM MIMARLIK
26.02.2018 • XXI век
На вкупно развиена површина од 330 000 м2, турската компанија „Limak“ започна со активна изградба на повеќенаменскиот комплекс. Инвестицијата која е во тек е проценета на 250.000.000 евра, вклучувајќи ја во себе и изведбата на подземната сообраќајница, дел од Јужниот булевар во должина од 800 метри.
Во комплексот се планира станбено домување во четири кули (20 ката), трговски центар, деловни простории, хотел, јавни простори за културни настани итн. До сега во јавноста се појавуваа повеќе 3Д визуелизации со варијации од архитектонското решение, но веројатно со стартот на активностите тој конечно е дефиниран. Компанијата на својот LinkedIn профил ги објави последните визуелизации за комплексот.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski