Кафе „Класик“ / Петрова

Локал: Кафе Класик – Кочани

Архитект: Марија Петрова

Изведба и мебел: Jumis Luxury

Фотографии: Михаил Митев, Димитар Ивановски

Проектот претставува преработка на два постоечки локали во еден нов. Водечката идеја се заоснова на концептот да му понуди на посетителот една поинаква атмосфера која ќе отскокне од неговата секојдневна рутина.

 

 

 

Ентериерот е насочен кон темата на плафонот – кој суптилно се отсликува во епоксидниот под и бочниот омотач на огледални ѕидови. Централната пефорирана фигура на бронзена сталажа го дели просторот на два сегменти.  Во првата половина од објектот, со акценти во свежа тиркизна боја, сеуште е присутна надворешноста заради целосно отварање на излогот. Меѓутоа во втората половина се развива нова тема на поинтимна внатрешност која е удвоена со употребата на огледала, сложени во мрежа на заротирани квадрати. Во средината е поставен и шанкот кој граничи со сервисниот дел и делот на тоалетите. Пристапот кон тоалетите е претопен во сцената на шанкот и се надѕира насочувајќи го посетителот кон неговата внатрешност без воопшто да има потреба од класично поставување на врата.

 

 

На скромно обработените ѕидни маси надвиснува плафонот кој го проширува просторот во уште една нова димензија. Поставен така да формира композиција од четири идентични полиња на кои и се надоврзува средишната сталажа протекувајќи од самата матрица и губејќи се во просторот со бочните огледала. Четирите квадарати на плафонот се во дрвена обработка која го дава главниот карактер на кафе барот. Во преплетот на дрвените летви е впишан заротиран квадрат, а во него уште еден заротиран четириаголник обработен во огледало. Овие огледала наликуваат на фрески кои ги отсликуваат посетителите во инверзна димензија.

 

 

 

Кафе барот со својот простор едноставно се трансформира од дневна во ноќна сцена, привлечен со разнобојноста на ноќното осветлување. Со својот каратер овој кафе бар нуди место за секој посетител, кој уживајќи во своето кафе има можност да го перцепира просторот поинаку од повеќето сцени внатре и надвор.

 

 

Автор на статија:

/