КИОСК К67 / Десподов
05.12.2020 • Уметност
„Киоск К67“ е проект на Ѓорѓи Десподов, кој го претставува во различни атмосфери и поставувања на светлина во одредени простори, ставајќи доза на надреализам.
К67 е дизајн на словенечкиот архитект и дизајнер Саша Ј. Махтиг, создаден во 1966 година. Неговиот систем е базиран на модули, кои можат да се користат самостојно или комбинирани во големи агломерации.
—
—
—
Низ градовите најчесто се појавува како киоск за весници, контрола на паркинг, продавници, студентски кафулиња или штандови за лотарија, истовремено лесно видливи и достапни.
—
—
Ѓорѓи Десподов е мултидисциплинарен дизајнер од Прилеп, Македонија.
Работи во полето на визуелните уметности и создавање на концепти преку широк спектар на дисциплини како што се графички дизајн,3д визуализации и илустрации. Дипломира Рекламен дизајн на Националната Академија за Уметности во Софија jуни 2019 година и во моментов работи како freelance графички дизајнер и 3д илустратор.
—
Автор на статија: Filip Koneski