Железен мост во Велес – Ќупурли / 1922

Период: „Македонија во меѓувоениот период во состав на Кралството СХС (1918–1929)“

Година на изведба: 1922

Локација: Центар, Велес

Најблиската врска меѓу централното градско подрачје и влезниот дел на Велес е Железниот мост, кој првично бил изграден за потребите на шинскиот сообраќај а подоцна е надграден со пешачка патека. Овој мост претставува значајна точка за инфраструктурната поврзаност на центарот на државата со околните региони

 

 Фотографија со белогардејците на Железен мост од 1922г.
Фотографија со белогардејците на Железен мост од 1922г.

 

Железниот мост е изграден во 1922 година од руски белогардејци, кои по револуцијата се населиле во Кралството на СХС (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците). Неговата историја е тесно поврзана со драматични настани од Втората светска војна: на 8 ноември 1944 година, ден пред ослободувањето на Велес, мостот бил миниран и срушен од германските трупи во повлекувањето кон Скопје. Во истата акција биле уништени и Стариот мост и Малото мовче, што резултирало со целосно разурнување на градот Ќупурли – како што бил нарекуван во тоа време, име што на словенски значи „Мостар“, градот на мостовите.

Овие настани оставаат длабоки траги во колективната меморија на градот и ја нагласуваат значајноста на мостовите како симболи на физичка, историска и социјална врска.

 

разгелдница 1930
Разгледница за Велес 1930г

 

           „Борбите за ослободувањето на Велес се водеа до четири попладне. Токму тогаш се слушна силна детонација, и се крена голем прав облак и чад. Сите три моста во тој момент, Железен, Мало мовче и Стар мост беа кренати во воздух. Германците, откако ги кренаа мостовите, од кај штипско џаде, се упатија кон Башино село и Скопје. Откако се слегна прашината, градот беше ослободен а двата негови дела раздвоени“.

   – Сеќавање на сведок кој тогаш бил 11 годишно дете, од 9-ти ноември 1944г.

 

фото: приватна архива Т.М., во момент на минирање на Железен мост во 1944г
фото: приватна архива Т.М., во момент на минирање на Железен мост во 1944г

 

Истите инженери кои првично го изградија мостот биле заробени и за казна пет години повторно работеле на неговата реконструкција. Мостот бил составуван долу покрај реката а потоа секој ден, во висина од по еден железнички праг, го кревале и постепено го поставиле на својата постојана позиција завршувајќи ја работата во 1949 година. За успешно извршената задача инженерите биле ослободени и пуштени дома во Германија. 

 

Обнова на Железен Мост 1946
Обнова на Железен Мост 1946

 

Денес, Железниот мост се препознава како еден од клучните симболи на градот и како жив потсетник на Ќупурли (турско име на градот).

Првиот сосед, Наце Алексовски, кој самиот бил железничар, две децении на свој трошок ја одржувал пешачката патека од дрвени прагови, додека во 2011 година локалната власт конечно не постави метална конструкција, обезбедувајќи трајна и безбедна врска за граѓаните.

„Има 40-ина години како не е офарбан. Се сеќавам дека толку време помина, зашто тогаш во дворот од мојата куќа ги оставаа кофите со фарба. Оттогаш не е заштитен. Пред некоја година ги сменија праговите но конструкцијата не е допрена“, вели железничарот Наце Алексовски.

прочитајте повеќе од изјавите на Алексовски

 

 

Железен мост со првичната патека со дрвени греди. Од инстаграм профилот @velesnizminatoto
Железен мост со првичната патека од дрвени греди. Од инстаграм профилот @velesnizminatoto

 

Со ова јасно се согледува моменталната состојба на мостот – објект кој повеќе од четири децении е оставен без суштинска грижа и интервенција. Наместо пасивно набљудување на неговото постепено пропаѓање, неопходно е изготвување на јасен, самоодржлив план што ќе овозможи зачувување на автентичната структура и вредност на мостот. Прашањето дали станува збор за локална, институционална или национална негрижа останува отворено, но токму тоа отвора простор за критичка анализа и за барање конкретен одговор и одговорност!

Велес претставува град со исклучително карактеристичен и впечатлив просторен идентитет. Неговата терасеста поставеност долж текот на реката Вардар создава непосредна, динамична и живописна релација помеѓу урбаното ткиво и природниот пејзаж. Визурите кои се отвораат кон реката и градските падини носат поетика и асоцијации кои наговестуваат на „македонската Фиренца“ — слоевит град кој ја следи топографијата, го почитува релјефот и се развива во хармонија со него.

 

 

Денешен изглед на мостот со патеката
Денешен изглед на мостот со патеката

 

Мостот ја поврзува релацијата Велес – Кочани и претставува силен симбол на градот, но неговата моментална состојба е загрижувачка – рѓосан, конструктивно оштетен и оставен на забот на времето. Овие визуелни и врменски релации формираат автентична сценографија – градски пејзаж кој активно комуницира со просторот. Ова ја нагласува неговата автентичност и ја одржува рамнотежата помеѓу природата и човекот.

 

Слика со претстава на градителското културно наследство на Велес каде перспективно се прикажани Спомен костурницата и Железниот мост кои се значајни обележја за идентитетот на градот.

 

Фотографии од Велес-втора половина на XIX , XX век и ……

 

Библиографија:

 

Соработник: Кристијан Арсовски

Автор на статија:

/ /