КОНКУРС за амфитеатар и фонтана во Кавадарци
15.02.2018 • Конкурси
Распишува: општина Кавадарци
Рок: 30.03.2018 / 10 часот
Награди: I место: 45 000 денари ( бруто )
Извор: e- nabavki.gov.mk
Општина Кавадарци распишува конкурс за избор на идејно решение за пренамена на дел од градски плоштад во Кавадарци (амфитеатар и голема фонтана), подобрување на осветлувањето како и дополнување на плоштадот со зеленило и урбана опрема.
Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат домашни и странски, физички и правни лица од областа на архитектурата-дипломирани инженери архитекти, студенти по архитектура и други физички лица од области поврзани со дизајн, обликување, естетика на просторот, уметност и друго.
Доказ за правните лица:Потврда за регистрирана дејност-за вршење на дејноста со предметот на конкурсот или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран;
Доказ за физички лица: Дипломирани инженери архитекти:диплома за завршен архитектонски факултет.
Студенти по архитектура: потврда од архитектонски факултетот или од институции за дизајн на просторот за редовен/вонреден студент;
– други физички лица поврзани со дизајн, обликување, естетика на просторот, уметност и друго: релевантен документ за потврда на стручноста/дејноста која ја врши.
Учесниците на конкурсот со самото поднесување на идејното решение, прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд. Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 30.03.2018 година до 10.00 часот.
- КОНКУРСНИОТ ТРУД ТРЕБА ДА СОДРЖИ:
- Поширока ситуација во контекст на целината на просторот
- Основи на објектите и предвидените содржини
- Карактеристични пресеци во доволен број заради подобра техничка интерпретација и разбирливост на решението
- Сите погледи на предвидените содржини
- Просторни претстави со непосредното опкружување (претстави од тродимензионален модел)
- На просторните модели детално да се интерпретираат применетите материјали
- Текстуален дел со детален опис на концептот на предложениот дизајн, образложение на идејата на авторот, опис на применетите материјали, начинот на изведба и естетски карактеристики
- Апроксимативна предмер пресметка за чинење на изведбата
Договорниот орган ќе додели:
- прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 45 000 денари бруто износ,
- договорниот орган го задржува правото да не ја додели наградата, односно да не изврши откуп на идејното решение.
Дополнителни информации во врска со Проектната задача заинтересираните кандидати можат да добијат кај лицето за контакт:Ванчо Колевски-Помошник Раководител на сектор за уредување и располагање со градежни земјиште.Документацијата се подига директно од ЕСЈН, побарање од контакт лицето на наведената елктронска пошта или од Веб страната на Општина Кавадарци kavadarci.gov.mk. Документацијата е бесплатна.
Автор на статија: Filip Koneski
Амфитеатар / Кавадарци / Конкурс / плоштад / фонтана