KONNTRA добитници на првата награда на конкурсот за дизајн на истражувачки медицински центар во Сплит, Хрватска

 

Тимот на KONNTRA освои уште едно прво место на јавен архитектонски конкурс во Хрватска. Овој пат станува збор за натпреварот за дизајн на истражувачки медицински центар во Сплит.

Инвеститор и распишувач на конкурсот е Клиничкиот болнички центар во Сплит, а организатор е Друштвото на архитекти на Сплит.

На конкурсот кој траеше од 09.02.2022. дo 10.05.2022. пристигнаа 13 трудови од кои 5 беа наградени.

 

 

 

 

 

Проектот на KONNTRA под шифра „4“ е награден со првото место.

Негови автори се м.и.а Силвија Шалева, м.и.а Мирјана Лозановска, м.и.а Ерик Јуришевич и м.и.а Ирена Маџер Хрануели, а нивни соработници беа студентите Димитар Милев, Тамара Џерков и Емилија Алексијоска.

Огромни честитки до целиот тим!

 

 

 

 

 

Погледниете го целите постери за проектот на следниот линк. 

Извор: веб сајтот на Друштвото на архиекти на Сплит