Куќа на Данабаш, Битола / 1911
20.01.2025 • ХХ век / I половина
Година на изведба: 1911
Локација: Битола
Куќа на Данабаш, поранешен објект на Народниот музеј во Битола, е архитектонско обележје на градот, заведена како културно наследство на Македонија во списокот на заштитени добра.
Објектот на улица “Маршал Тито” бр. 91 бил индивидуална станбена куќа на богатиот трговец Данабаш изграден во 1911 година.
Куќата на Данабаш е еден од најубавите во битолското градежништво од пред Првата светска војна. Се состои од приземје и кат и два влеза, јужен и источен. Јужниот е главниот и раскошниот што остава и посебен впечаток, кој ги прифаќа посетителите што доаѓаат од „Широк Сокак“. Заради визбените простории, кои се целосно над земјата, влезот до приземјето води преку мермерни скали, со странична ограда изведена со украсни столпчиња и со поширок подест над кој има плафонски сликарски изведби. Внатрешното предворие води во 4 простории и кон скалите за првиот кат. Источниот влез е засебен и е само за првиот кат. Собите насекаде се пространи и со високи таваници.
Конструктивниот систем на објектот е од масивна тулена ѕидарија, додека меѓукатните конструкции се изведени (најверојатно) прва, втора, меѓукатна конструкција, како и последната меѓукатна конструкција со дрвен гредоред и со дрвена покривна конструкција. Во архитектонското обликување на објектот видливи се западноевропските влијанија со складно синтетирани елементи не неоренесанса, рустика и класицизам.
Овој објект по крајот на Втората светска војна станува седиште на Народниот музеј од Битола од 1952 до 1976 година, а денес во оваа куќа се сместени неколку конзулатски претставништва и здруженија во Битола.
Користени извори:
Автор на статија: Martina Shteriova
Битола / индивидуални станбени објекти / Културно наследство / Куќа на Данабаш