Културен дистрикт – Скопје / Саити
12.02.2018 • Студентски проекти
Година: 2017/2018
Тема: Нов културен дистрикт
Автори: Фјола Саити
Ментор: Доц. Д-р Михајло Зиноски
Локација: Скопје
Проектирање на општествени згради – Интегративно Студио IX
Реупотреба и пренамена на индустриските објекти денес е современ тренд. Во овој проект е направена пренамена на фабриката 11 Октомври во Скопје во нов културен дистрикт. За да се зачува меморијата за објектот, новите интервенции се направени така да конструкцијата и надворешната форма на објектот да остануваат пак исти. Во внатрешноста на објектот се појавуваат работилници со продавници, ресторан,ноќен клуб, музеј, библотека, ателјеа за танц, глумање,музика, простории за аудио снимање, бар, и театар како главна содржина во објектот.
Како главен концепт при проектирање на овој објект беше креирање на една населба, со сите горенаведените функции кои ќе бидат поделени со улици, покриени и непокриени. Овие непокриени улици се формираат со сечење на објектот во одредени места, и на овој начин се поврзуваат полесно двете страни на објектот.
Во склоп на овој објект се појавува парк и паркинг простор кој ги задоволува потребите на новата намена. А исто така како еден атрактивен елемент е пешачкиот мост кој се појавува во дел од објектот а продолжува над реката Вардар и се спушта во кејот на реката, поврзувајќи ја новиот културен дистрикт со населбата Аеродром, правејќи го објектот полесно пристапен и поатрактивен.
Основа на приземје
Основа на кат
Пресеци
Ф.К
Автор на статија: marh
Интегративно Студио IX / Нов културен дистрикт / Општествен објект / Скопје / Фјола Саити