Македонија – земја на туризмот / Панов

Наслов: Македонија – земја на туризмот

Текст за градовите: проф д-р Никола Панов

Издава: ДИД „ИНА-КОМЕРЦ“ Скопје

Рецензенти: доц. д-р Ристо Мијалков, проф. д-р Снежана Штетиќ

Директор: Миодраг Кузмановски

Директор на проектот: Ванчо Спасески

Секретар на проектот: Снежана Кузмановска

Превод на англиски: Сузана Локвенец

Јазична редакција: Весна Стојчевска

Подготовка за печат: ТОТЕМ – Скопје

Печат: „Киро Дандаро“ Битола

Година: 1999

Извори: Панов, Никола. Македонија – земја на туризмот. 1999. Скопје: Ина-Комерц

 

 

 

Книгата „Македонија – земја на туризмот“ е туристички водич или информатор за позначајните туристички капацитети во Република Македонија. Овој тип на литература има за цел да ги претстави можностите за патување и престојување во рамките на државата за домашната и интернационалната публика. Паралелно напишана на македонски и англиски, книгата ја опишува генералната положба на државата во поширокиот контекст, дава основни информации за нашите туристички дестинации, историјата на локациите и позначајните настани кои се одржуваат во тие локации. Истотака, наоѓаме голем број на сега ретки фотографии од поголемиот дел на нашите хотели, мотели, ресторани и други угостителски објекти.Книгата ги опфаќа сите градови во Македонија по азбучен ред, нашите национални паркови и значајните објекти кои се вон градско подрачје.

 

 

Цитирајќи го воведот: „Во презентацијата на секоја населба, употребена е модерна методологија која, на хронолошки начин, ги определува излагачките тези: туристичко-географска положба, сообраќајната поврзаност, културно-историскиот развој, лиматските карактеристики, природните и антропогените туристички мотиви и материјалната база за развојот на туризмот.“

 

 

Во оваа изадние од 310 страници презентирани се 97 хотели (вклучувајќи ги и работничките одмаралишта кои се преобразени во хотели од Б или повисока категорија), поголемиот број на мотели, 4 детски одмаралишта и исто толку ловни домови, голем број ресторани, сите бањски туристички центри и центрите за физикална терапија, одредени туристички агенции, туристичките автокампови, националните паркови и приложени се информации за ловните друштва во тој период. Овој вид на литература со текот на времето ја губи својата првенствена намена, односно од промотивен туристички водич денес прераснува во посебен вид на архива која е извор на информации за минатото.

 

 

Во продолжение можете да погледнете извадок од богатата галерија на фотографии во оваа книга. Некои од објектите можеме да ги препознаеме од нашето секојдневие, додека одредени објекти, сега руинирани, ги гледаме во нивното сјајно минато.