Архитектонско урбанистичко решение за „Максим Горки“/ Шуловиќ и Мојсова

Автори: Душанка Шуловиќ, Оливија Мојсова

Година: 1989

Инвеститор: РО За организација и изградба на град Скопје СДАМ

Награда: 1во место на јавен конкурс

Извор: Бимас  1991

 

Разликата на времето во кое живееме и времето пред повеќе од две децении, може да се препознае преку волјата за организирање на архитектонско-урбанистичките конкурси. Токму тие, бараат решенија кои ја вклучуваат постојната состојба и идејата за нејзиниот развој. Тоа значи контекст, сообраќајно решение, поврзување, естетика, капацитет, намена, почит кон постојното и вредното итн. што за денешното време е нешто непојмливо. Денес урбанизмот и архитектурата се разминуваат и не размислуваат за контекст и развој, иницирајќи го индивидуализмот над колективната и општата корист.

Во продолжение, оригиналното образложение на авторите за својот првонаграден концепт, во склоп на Бимас ’91:

„Со крајно аналитичен пристап на сите карактеристики на постојаното архитектонско наследство, во основа, концептот предвидува пешачка улица со нов архитектонски израз и нова содржина со елементи на идентитет.

Така, улицата „Максим Горки“ без оглед на можноста за менливост на некои содржини добива карактер на угостителско-културолошки центар со поливалентна намена.

 

Арх.урб. решение за Максим Горки - Оливија Мојсова_Душанка Шуловиќ 1

 

 

Проектот прави обид за структурата на амбиентот да внесе нови, пред се ликовни вредности. Преку фрагментирани асоцирања на фасадите на новопроектираните објекти се насетува основната нишка на идејата да се состават расфрланите парчиња на мозаикот што се вика книга на времето на Градот.

Партерната архитектура и урбаната опрема се проектирани во функција на облагодорување на амбиентот. Фиксните елементи на балустрадата, клупи, цветни аранжмани, подиуми за јавни настапи, прават улица од утро до доцна навечер да го менува својот облик по функција и содржина, а во определени свеченосни пригоди да се претвори во сцена за масовни собири.“

 

Автор на статија: