МАТЕРИЈАЛНИ КОНТУРИ

Железничка зграда, Скопје

ул. Борка Талевски, 26

27 јуни (среда) / 12 часот

 

Овој настан ќе проба да ја испита појавата на географското – нова, но најчесто латентна парадигма во архитектурата денес – да ја артикулира и да ја постави како ефикасна поддршка на проектирањето.

Архитектите се повеќе се принудени да ги обликуваат поголемите размери и контексти, да ги решаваат прашањата поврзани со инфраструктурните проблеми, урбаните и еколошките системи, како и културните и регионалните прашања. Овие прашања, претходно ограничени во областите на инженерството, екологијата или регионалното планирање, сега бараат артикулација преку архитектурата. Архитектите, преку процесот на преиспитување на своите алатки развиваат стратегии за поврзување на карактеристиките претходно поимани одвоено едни од други или одвоени од архитектурата како дисциплина. Со самото тоа се отвораат и мноштво прашања, низа технички, формални и социјални агенди за архитектурата и урбанизмот. Иако во изминатата деценија се појавија различни верзии на пејзажен и инфраструктурен урбанизам како одговор на слични предизвици, оваа нова состојба што ја нарекуваме “географска” укажува на повеќе од само промена во размерот.

Настанот, преку две изложби и промоција на работилница ќе ја испита и илустрира оваа промена во парадигмата, појавата на географското и останатите алатки неопходни за архитектите да работат и да обликуваат поголеми размери и контексти, односно територии:

 

  1. Изложба: МАПАТА Е ПОИНТЕРЕСНА ОД ТЕРИТОРИЈАТА / УАКС, Факултет за Архитектура и дизајн, Скопје | Имплементација на податоци, мапирања и истраги кои го информираат процесот на проектирање. Основа за севкупна просторна стратегија

 

 

  1. Изложба: КОМПАРАТИВЕН УРБАН АТЛАС Siracuse University, School of Architecture, New York / Собирање и организирање на податоци, со цел да се анализира и критикува.

 

 

  1. Летна школа : ОХРИД 2018 УАКС, Факултет за Архитектура и дизајн, Скопје / Неопходната дијалектика помеѓу ,,лабораториското” и истражувањето на ,,терен”. Територијата е материјална реалност, затоа императив е да се развие методологија и алатки за таа да се истражува физички. Преку оваа дијалектика ја поимаме територијата.

 

Линк од fb event:

https://www.facebook.com/events/233259950599952/?notif_t=plan_user_joined&notif_id=1529768335023164