Меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение за спортска сала во Цетиње
29.07.2022 • Конкурси Од регионот

Градот Цетиње (Црна Гора) објави меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение за спортска сала на 11 јули 2022 година.
Спортската сала ќе биде наменета пред се за ракометни и кошаркарски натпревари, но и за одбојка, мал фудбал и други спортови во затворен простор, што наметнува потреба од дополнително внимание при проектирањето на овој тип на објект, кој мора да исполнува специфични програмски и организациски барања за оптимално функционирање, со висок квалитет и безбедност на објектот и неговите корисници.
Посебно внимание треба да се посвети на придружната содржина во согласност со прописите кои важат во ЕХФ, СЕХА, АБА, ФИБА-лигите, кои ги пропишуваат минималните услови во објектите за играње натпревари за клубовите кои се натпреваруваат во овие лиги, имајќи ги предвид особено енергетската ефикасност и самоодржливоста на објектот.
Целта на конкурсот е да се избере најдоброто идејно архитектонско решение за спортската сала кое, пред сè, ќе ги исполни пропишаните услови и ќе постигне максимална усогласеност на сите аспекти наведени во конкурсната задача и ќе понуди модерно решение кое со своите дизајн и материјализација, ќе претставува просторен репер на поширокото градско јадро.
Учесниците на конкурсот (физички или правни лица) кои се сметаат за автори треба да го исполнуваат условот – барем еден од авторите на конкурсното дело да е овластен архитект.
Натпреварот е отворен од 11 јули 2022 година до 1 октомври 2022 година.
Дополнителни детали за објавениот конкурс се достапни во документот ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЦЕТИЊЕ – 11.07., а заинтересираните учесници можат да ја преземат комплетната конкурсна документација заедно со сите услови и барања ТУКА.

Автор на статија: Filip Koneski
Конкурс / Спортска сала / Цетиње / Црна Гора