Најавена e изложбата „Брутален град“ на Алексовска

Во четврток 26.10.2023 во културниот центар Бруталиск се отвора изложба на фотографии од бруталистичките и модернистички вертикали од македонските градови на скопската фотографка и кустоска Снежана Алексовска. Изложени ќе бидат 41 фотографија во црно-бела техника, а посетителите ќе можат да ја погледнат поставката и во наредниот месец по отворањето.

„Брутален град“ е прва изложба на фотографии на Снежана Алексовска, која со фотографија се бави од својата младост, а веќе неколку години работи како кустос во НУ спомен куќа на Мајка Тереза и туристички водич. Родена е во 1990 година и е дипломиран археолог. Таа е двократен победник на конкурсот „фотографија на неделата“ на Нова Македонија и нејзините фотографии „Мир и Слобода“ и „Меѓу Височините и Смогот“ се објавени на цели страници во печатеното издание на весникот во 2022 и 2023 година.

Извор >>> 

 

Автор на статија: