Губењето на надежта за промена кај поранешната фабрика за мебел „Треска“
14.10.2023 • Информации Став
Во кругот на фабриката Треска веќе се градат згради по прописно потпишана градежна дозвола од Општина центар. Надежта дека граѓаните на Скопје ќе успеат да променат нешто од шаблонот на развојот на градот полека згаснува. На 17 јануари 2020 година преку граѓанската иницијатива беше распишан архитектонско-урбанистички „конкурс за урбанистички проект на локацијата кај „Треска“, со цел да се преиспита и да се реанализира постоечкото решение за локацијата утврдено со деталниот урбанистички план од јули 2012 година.
Истата беше прифатена од Општина Центар која го организираше конкурсот за урбанистичко – архитектонско уредување. Прворангиран беше конкурсен труд со шифра „ГДВОР кој ги задоволи сите параметри за развој на парцелата. Тоа беше далечниот ноември 2021 година.
Денеска сме соочени со сосема нова реалност. Фатени помеѓу правни системи, во кои можноста за промена не постои, парцелата Треска се гради без оглед на сите напори кои беа вложени за тој простор да стане примерот за како треба новото Скопје да се развива. Тоа значи денеска во 2023 година планираме сеуште по планови кои се нацртани далечната 2010 година (пред 15 години) и во законските лавиринти ништо не може да се промени.
Главниот аргумент против планот од 2012 година, имено дека не е во согласност со ГУП беше отфрлен од уставен суд на иницијативата на Шанса за Центар за уставноста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец. Одлуката на 4 октомври беше дека е уставно да се гради во Треска.
Ваквиот резултат е тотално обесхрабрувачки за било какви идни обиди на јавноста за развојот на градот. Политичките препукувања се само фасада позади која работат некакви други сили.
Последното видео проследено од „Шанса за Центар“ во советот на Општина Центар само го зацврстува мислењето дека сѐ е безнадежно. Краткото видео ги покажува ставовите на Градоначалникот Герасимовски дека сите идејни решенија и конкурси се без потребно направени и дека никогаш нема да можат да се изведат во негови зборови „Конкурсот за ф-ка Треска е залудно трошење пари”, секако проследени со коментари кон советниците дека не ги познаваат законите.
На овие коментари Проф. д-р Дивна Пенчиќ одговори дека „ Урбанистичко планирање, ако никој нема право никој да одлучува што може да има на приватна парцела тогаш не постои урбанистичко планирање. Тоа подразбира исто некој да дава насоки за развој на одредено место, а не сите кои имаат некаков приватен објект или нешто друго не се подложни на прашања.
Воедно одлуката на Советот на Општина Центар дека парцелата на Треска ќе се одлучува со конкурс и таа одлука е со иста тежина како сите други одлуки (вклучително и донесен ДУП) е неважечка. Новиот ДУП кој требаше да го вклопи просторот на Треска, а до негово донесување да нема градби таму на лице место е неодржлив.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Буњаковец / ДУП Буњаковец / Конкурс / Урбанизам / Шанса за Центар