Неоком Македонија / Дамеска-Јовановиќ

Проектант: Ружа Дамеска-Јовановиќ

Градежен инженер: Благоја Димитриевски

Машински инженер: Паскалов Мирослав

Електро инженер: Тасевски Томислав

Изведба: Пелагонија

Година на изведба: 1999

Локација: ул. Кузман Јосифовски Питу 15, Скопје, Македонија

Фотографии: Борис Јурмовски / 2024 /, приватна архива на авторот.

 

Објектот на Неоком во Скопје е еден од првите објекти со кои се соочуваме на влезот во населбата Аеродром кога се пристапува од центарот на Скопје. Намената на овој објект кој е првично проектиран како П+11+Пк а е изведен како П+7, се деловни односно канцелариски простори кои го сместуваат седиштето на Неоком во Македонија кое се простира на површина од 7000m2. Обликовно специфичен, објектот се одвојува од соседните блокови со нагласениот еркер на седмиот спрат кој двојно се одвојува од волуменот како резултат на вовлекувањето на фасадата на пониските спратови.

 

Објектот на Неоком веднаш по изведбата. Извор: приватна архива на авторот.

 

 

Во продолжение проследете ја фотогалеријата од моменталната состојба на објектот: