Night Talks: Balkanise! – конференција во Лозана, Швајцарија
04.05.2018 • Информации

Понеделник, 7 Мај, 2018 – 20.00h
Министерството за Kултура воспоставува официјална соработка со Ecole Polytechnique Fédérale de Lausanne (EPFL) преку LAPIS (Лабораторија за уметности и науки), во Лозана, Швајцарија.
На 7 мај 2018 година, Mинистерот за култура г-дин Роберт Алаѓозовски ќе го посети EPFL со цел да потпише Меморандум за разбирање. По повод оваа посета, тој ќе учествува и на тркалезната маса за “културна инфраструктура во балканските градови”. Целта на дискусијата е да се продлабочи разбирањето за тоа како културните системи ја произведуваат, обликуваат и конзумираат “културната инфраструктура на балканските градови”.
Настанот, исто така, ќе го oдбележи почетокот на соработката помеѓу LAPIS-EPFL и Urban Think Tank (катедра на Swiss Federal Institute of Technology in Zurich), со цел да се прошират потенцијалите околу предложената тема. Urban Think Tank веќе има значително вклучување и искуство на оваа тема во балканскиот регион.

Автор на статија: Антонио Грујевски
Balkanise / Night Talks / Конференција / Лозана / Швајцарија