Објавен нацртот за меѓународниот конкурс за Расадник

Општина Кисела Вода го објави нацртот за меѓународниот конкурс во најава за Расадникот. Во прилог соопштението и линкот до нацртот:

 

Почитувани сограѓани,

Еден од стратешките приоритети на Општина Кисела Вода е транспарентно донесување на новите Урбанистичките планови со вклученост на граѓаните и стручната јавност.

За реализација на оваа цел Општина Кисела Вода изработи Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за градската четврт Ј14 или, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник.

Меѓународниот конкурс е сочинет од два дела. Првиот дел претставува опис на моменталната состојба во Расадник од урбанистичко-плански аспект, додека во вториот дел се опфатени генералните програмски насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник.

 

 

Меѓународниот конкурс треба да донесе предлози за ново квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода.

Со цел изработка на што поквалитетен и стручно издржан Меѓународен конкурс, Ве молиме во следните 10 дена да ни дадете забелешки, сугестии и идеи и истите да ни ги доставите на емаил адресата competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk.

 

Со почит,

Орце Ѓорѓиевски

Меѓународниот конкурс е достапен на следниов линк

Меѓународен конкурс Расадник