Објект за мали стопанства во рурални средини / А. Попаѓиноска и М. Попеска

Година: 2018

Семестар: VIII

Проектна задача: Објект за мали стопанства во рурални средини

Предмет: Архитектонско студио 8.3

Автори: Ана Попаѓиноска и Марија Попеска

Педагошки тим: Проф. д-р Александар Радевски, доц. д-р Горан Мицковски, доц. д-р Димитар Папастеревски, сор. Виолета Ѓорѓевска, сор. Димитар Крстевски

Локација: Маврово

За цел на Архитектонското студио 8/3 – Стопански објекти, изработен е проект за мали стопанства во рурални средини со локација во Маврово, како едно од најпознатите туристички места во Македонија.

Сл.1 – Ситуација М=1:1000

Сл.2 – Ситуација М=1:200

Во минатото главни дејности во селото, како и на останатите во целата област, биле сточарството и производството на млечни производи, кои биле познати надалеку. Денес е туристичко место и е познато како еден од најпознатите туристички скијачки центри во Македонија.

Сл.3 – Основа на ниво -3.00

Сл.4 – Основа на приземје

Сл.5 – Основа на прв кат

Со овој проект решивме повторно да го оживееме сточарството бидејќи Маврово претставува средина со идеални услови за развој на еколошко сточарство во комбинација со огромните туристички можности што ги нуди.

Сл.6 – Пресек 1-1

Сл.7 – Пресек 2-2

Објектот опфаќа две целини, стаја за одгледување овци во подземно ниво каде воедно имаме и обработка на продуктот од животните, а снабудањето со храна се врши  од приземјето со скали и платформа . На приземјето се сместени два објекти за домување каде што едниот објект е наменет за  шест члено семејство, а другиот за посетители кои сакаат да престојуваат и воедно би имале можност да го набљудуваат процесот во стајата. Двата објекти меѓусебно се поврзани со пергола која ги обединува и го назначува гостопримството на семејството во однос на гостите.

Сл.8 – Изгледи

Сл.9 – Петта фасада

Теренот е прилично стрмен, опкружен со зеленило, а на јужната страна се наоѓа и река. Објектот е поставен така за да се вклопи во самиот терен и го следи истиот.

Од студентот

Сл.10 – Визуелизација