Од вчерашната промоција на книгата „Влијанието на скопскиот железнички јазол врз концептите на урбанистичките планови за Скопје 1873 – 1963“ од Проф. д-р Анета Христова-Поповска

Вчера во холот на Железничката станица во Скопје, на првиот кат се оддржа промоција на книгата „Влијанието на скопскиот железнички јазол врз концептите на урбанистичките планови за Скопје 1873 – 1963“ од Проф. д-р Анета Христова-Поповска.

По воведниот говор на авторката, се обратија до публиката Проф. д-р Слободан Велевски и Вонр. Проф. д-р Мери Батакоја, кои го образложија трудот во неговите најважни сегменти и пораки истакнувајќи го важниот придонес во македонската архитектонска научна мисла.

Книгата го претставува магистерскиот труд на Проф. д-р Анета Христова-Поповска кој е одбранет на Архитетконскиот Факултет пред 2 децении, работен под менторство на Проф. Живко Поповски.

 

 

Трудот покрај теоретската и методолошката основа на истражувањето опфаќа анализи на урбаните трансформации на Скопје на крајот на XIX и почетокот на XX век, потоа по Балканските војни меѓу двете светски војни и трансформациите на Скопје по Втората светска војна се до 1963 година и постземјотресната обнова на градот.

Во книгата на 231 страница покрај текстуалните образложенија можете да најдете бројни архивски фотографии и извадоци од технички решенија и плански документации од различните периоди кои се подлога на севкупното истражување, кое говори за важноста на железничката инфраструктура во урбанистичкото обликување на градот Скопје.

 

 

Фото: Борис Јурмовски