Опеница 1913 / Musée Albert-Kahn

Тема: The Archives of the Planet

Автор: Albert Kahn

Сниматели: Jean Brunhes; Auguste Léon

Година: Maj 1913

Извор: http://collections.albert-kahn.hauts-de-seine.fr/  https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0

 

Опеница е село кое се наоѓа во североисточниот дел на Охридското Поле, недалеку од патот Охрид-Ресен. Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри. Од градот Охрид е оддалечено 13 километри.

 

 

Сместено во долината на Коселска Река, главно во горниот клисурест дел. Во основа има збиен тип, опкружено со ниви, шуми и ливади. Бидејќи немало извори, во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари.

 

 

Поради неговата поволна местоположба, територијално отсекогаш било населено. Постарата населба се наоѓала во месноста Горно Село, источно од денешното село.

 

Горно Село претставувало мала населба, чии жители подоцна се спуштиле на денешната положба. Во тоа време, покрај долината на реката не постоел колски пат. Низ селото имало само патишта за товарен сообраќај, еден за селото Вапила и еден за селото Завој, тогаш сместено во близина на превојот Буково.

 

 

Во XIX век, Опеница било село во Охридската каза, на Отоманското Царство.Во Илинденското востание, селото било запалено од страна на Турците. Во тоа време, мештаните престојувале на месноста Марково Долче, кон планинското село Куратица. Подоцна селаните се вратиле и направиле колиби.

 

 

Фотографиите во боја од Опеница, дело на францускиот фотограф Огист Леон од 1913-та година претставуваат едни од најважните историски материјали за физиономијата на македонските села. Истите се преработени  од страна на МАРХ. Оригиналните можете да ги погледнете на линкот во горниот дел од објавата.