Основно училиште „Блаже Конески“/ Мицајкова, Анастасова

Поранешен назив : Основен училишен центар „Јосип Броз – Тито“

Локација: Велес

Автори: Јагода Мицајкова, Елеонора Анастасова

Година на проектирање: 1977/78

Година на изведба: 1979/82

Изведувач: ГРО „Пелагонија“

Извор: Бимас 1983

Локација

….„ Промените кои со педагошките иновации и порастот на општиот стандард секојдневно ја зафаќаат училишната средина во целост, ја доведуваат во расчекор училишната архитектура и нејзината внатрешна организација…

а – фискултурна сала
b – настава за ученици од V до VIII одделение
c- настава за ученици од I до IV одделение
d – настава за ученици од V до VIII одделение
е – дневен престој и забавиште
f- повеќенаменски простор
g- администрација
h- економски простории
вкупна површина 9120 м2

Перспективен пресек

… Каква просторна рамка треба да му се даде на училиштето, за да може во него да се организира животот и престојот на децат во сета нивна разноврсност, како би можело училиштето да ја превземе грижата за успехот на учениците во тек на образованието и грижата за нивното воспитување и психофизички развиток. Сите активности се одвиваат последователно и паралелно, пропратени со постојани промени на формата и просторот во училиштето…

Google maps

… Светлоста од небото врз него и тежината на земјата во него, е се што ни е потребно, бидејќи единствено е, како духот може да заборави и на материјалот и на изведбата, само ако има доволно простор преку него да скита и тој да го сеќава на радоста која ја чувствува набљудувајќи го….“