Покана за Отворен ден #2 во Скопската жива градска лабораторија (SkULL)

Почитувани,
Ве покануваме да присуствувате на вториот Отворен ден што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Градот Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ како дел од ROCK проектот*. Во рамки на Отворениот ден #2 ќе бидат презентирани можностите за делување што ги отвора постоењето на Скопската жива градска лабораторија (SkULL) и разменети мислења за можните начини за решавање на проблемите и идниот развој со најразличните креативни индустрии. Мислењата и сугестиите, воедно треба да им послужат на институциите во планирањето на идните активности.

Ве очекуваме во вторник, 17.09.2019 во 11 часот, во просториите на Скопската жива градска лабораторија SkULL што се наоѓаат во Старата скопска чаршија – Европската улица бр.11.

* ROCK проектот, чиј полн наслов е „Регенерација и оптимизација на културното наследство во градови базирани на креативност и знаење“, е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и во неговата реализација учествуваат Градот Скопје и Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Извор: Архитектонски Факултет Скопје

Автор на статија:

/ / /