Основно училиште „Денче Дејаноски“, Маврови Анови / 1959г.
24.06.2024 • ХХ век / II половина
Локација: Маврови Анови, Врпенски Пат
Автори: непознати, сите информации се добредојдени
Година на изведба: 1957 (?)
Извор: www.ooudencedejanoski.edu.mk
Фотографии: Н. Чаусидис
Во населбата Маврови Анови, веднаш покрај патот за село Врбен, се наоѓа основното училиште „Денче Дејаноски“. Оваа модернистичка градба, која датира од 1950-те, целосно се отвара кон својот природен контекст на Националниот парк Маврово.
Овој објект е централната градба на институцијата која сочинува низа подрачни училишта низ околните села. Учениците учат во своите места на живеење до шесто одделение, а подоцна се префрлаат во оваа централна градба. Заедно со училиштето работи и Ученичкиот дом кој овозможува престој за сите оние деца кои поради тешките временски услови и оддалеченоста преку поголемиот дел од годината, не може секојдневно да патуваат.
Архитектонската форма е направена од една главна линеарна ламела и трапезоидни испусти спрема југ. Оваа геометрија создава училници со по два или три ѕида прозорци и необични плански конфигурации.
Материјалната обработка на долните партии од фасадата и влезот е од правоаголни камења, додека остатокот од објектот е покриен со малтер. Според информациите објавени на интернет страната на самото училише, прозорците и кровот на објектот се веќе реновирани.
При нашето истражување не успеавме да најдеме повеќе информации за авторството или техничката документација на самиот објекти. Било какви информации на оваа тема се повеќе од добредојдени.
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Маврови Анови / Маврово / Модернизам / Образование / образовни институции / основно училиште