Панел – дискусијата во рамките на проектот „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје”
27.10.2026 • Информации
Српскиот културно – информативен центар „СПОНА“ од Скопје организира изложба и панел – дискусијата во рамките на проектот „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“.
ИЗЛОЖБА
Изложбата ќе се отвори во вторник, 27 октомври 2026 година во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот.
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
Настанот ќе се одржи во четврток, 29 октомври 2026 година, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, со почеток во 11:00 часот.
Овој проект е поддржан од Град Скопје за 2026 година, во рамките на програмата за поддршка на манифестации и настани од важност за градот преку грантови.
Панел – дискусијата е замислена како платформа за директен дијалог и интерактивна размена на мислења меѓу експертите, студентите и граѓаните, кои ќе дебатираат за урбаната историја, зачувувањето на архитектонските објекти и иднината на урбанизмот, овозможувајќи поголема вклученост на пошироката јавност.
Покрај тоа, преку достапната документарна изложба, присутните ќе имаат можност визуелно да се запознаат со минатото на старо Скопје и неговата трансформација во модерен, напреден и убав град, чии контури на развој јасно се препознаваат и во денешното современо живеење.
АГЕНДА
четврток, 29 октомври 2026 година
Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје
11:00 ВОВЕД
Братислава Танасковиќ, проектен координатор, Српски – културно информативен центар СПОНА
11:15 – 12:15 ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
Воедничар и модератор:
Проф. д-р Мишко Ралев, архитект и декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје (УАКС)
Авторки на изложбата:
Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ, д.и.а.; Мр. Арх. Ива Димовска – Рајчиноски
Рецензент на изложбата:
Милош Стојковиќ, историчар
12:15 – 12:45 ДИСКУСИЈА
Прашања од публиката во врска со темата и дискусија по однос на изложеното
12:45 – 13:00 ЗАКЛУЧОК И ЗАТВОРАЊЕ НА НАСТАНОТ
Братислава Танасковиќ, проектен координатор, Српски културно – информативен центар СПОНА
Автор на статија: Filip Koneski
Изложба / панел дискусија / Првите чекори кон урбанизација на Скопје / СПОНА

