Пејзажен хотел со поглед на Преспа | Архитектонско студио 7.1 (дел 2)

Семестар: IV година, зимски семестар 2023/2024

Тема: ПЕJЗАЖЕН ХОТЕЛ СО ПОГЛЕД НА ПРЕСПА

Предмет: Архитектонско студио 7.1 - УКИМ

Локација: Стење / Наколец, Преспанско Езеро

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Димитар Папастеревски, Александар Петановски, Марија Петрова

 

Брегот на Преспанското Езеро повлекувајќи се наназад од маргината на своите граници ги открива трагите од некогашните наколни живеалишта. Пејзаж на ова живописно пространство во минатото бил населен со скромни куќарки над воденото огледало. Оваа слика за населување на брегот и денеска умее да ги разбранува креативните визии за опросторување на Преспанското Езеро со нови иновативни концпети на домување.

Ова студио бара одговор на тоа дали може некогашниот модел на наколни живеалишта во Преспанското Езеро да биде подлога за развој на неконвенционален хотел? На оваа задача студентските проекти од Архитектонско студио 7.1 „ПЕЈЗАЖЕН ХОТЕЛ СО ПОГЛЕД НА ПРЕСПА“ се трудат да дадат одговор. Нивните проекти се со различни и навидум спротиставени ставови: компактна заедница во вода, композиција од повторливи пирамидални соби, втопување во теренот со екстензија кон вода, па се до населување на цело едно маало во вода. Дополнително предложените проекти имаат за цел да ја интегрираат уникатната флората и фауната од овој крај преку нејзино однапред одредено место во секој од хотелите. Богатиот птичиј свет ги населува кровните тераси скроени по нивна мерка и тие со својата посебна убавина треба да го збогатат престојот во овие наколните хотели.

 

 

Проект 6: Јована Нецева и Јована Трајковска

Хотелот на Преспанско езеро се појавува како еден езерски прстен кој се надоврзува на патеката од црквата во село Наколец. Претставува приземен објект составен од 35 модули кои повторувајќи се ја создаваат целината. Неговата едноставна форма нуди богата програма како спа, топла бања, простор за пешачење и трчање како и простор за релаксација.

 

Аксонометрија
Пресеци

 

Проект 7: Александар Наков

Концептот на овој проект е да се создаде ненаметлива структура која е позиционирана во езерото. Осмислено со исклучително внимание на природата и на животинскиот свет, главно на птиците, создаваме  една интимна целина која ќе ја стимулира околината.

Во овој проект создаваме една ортогонална композиција, која структурите се поставуваат во еден тип на грид систем, во правилен растер, каде секоја соба ќе има свој единствен поглед, но и да имаат еден панорамски поглед кон околината. Тоа го овозможуваме со додавање на проодни кровни тераси. Но сепак главна цел е како природата да се внесе во собата, таа да стане нејзин дел, и како човекот да се соедини со неа, создавајќи хармонија, мир и спокој.

Содржините на хотелот се позиционирани околу една централна структура и претставува простор кој ги обединува собите. Во средината се наоѓа издигната платформа како простор  за собир, и до неа е позициониран спа-центарот кој си има свој поглед кон плажата. Ресторанот е осмислен, така што ќе се овозможи поголема комуникација помеѓу гостите. И на крај собите претставуваат интимна целинка преку која се пристапува со посебна платформа, која не застанува со собата, туку продолжува во езерото, и со тоа се крши границата помеѓу природата и изграденото, и ја прави структурата како дел од природата.

 

Основа
Аксонометрија
Пресек
Детал на соба

 

Проект 8: Салих Заќири и Лирик Шабани

Ова е проект кој има за цел да воведе еден нов пејзаж во Наколец, Преспа. Со иновативни пирамидални дуплекси распоредени во кластери на висока платформа над езерото. Дизајнот нуди впечатливи панорамски погледи кон езерото. Опсерваториската кула и стратегиско поставениот ресторан создаваат атмосфера што овозможува на посетителите да уживаат и во архитектурата и во природата истовремено.

 

Основи
Аксонометрија
Визуализација

 

Проект 9: Ана-Mарија Ристиќ и Десанка Саздова

Овој компактен хотел во вода се наоѓа во самиот брег на Преспанското Езеро во Стење. Хотелот е сместен целосно во вода, на две нивоа и кровна тераса. По самиот раб се протегаат двокреветни соби, соби со двоен кревет и апартман, и секоја соба нуди различен пејсажен поглед. Направен е целосно од дрво со што потполно се вклопува во самата природа, исто така на самата кровна тераса се појавуваат места како живеалишта за птиците, како и простори за движење и интеракција на посетителите.

 

Ситуација
Основа
Пресеци

 

Фотографии од изложба: