Пештерска црква Св. Атанасиј-Калишта, Струга /фотогалерија/
10.06.2024 • VI-XV век Фотографија
Објект: Испосничка црква Св.Атанасиј
Автор: /
Изведба : /
Локација: во близина на манастир “Рождество на Пресвета Богородица” с.Калишта, непосредно помеѓу Елен Камен и хотел “Изгрев”, Струга
Фотографии: Борис Јурмовски /2024/
Пештерската црква Св Атанасиј во близина на селото Калишта, Струга, е посветена на Александрискиот архиепископ Атанасиј. Соѕидана е како мал објект покрај карпест џеб, во закрила на теренот, на крајбрежјето на Охридското Езеро. Слична на оваа црква по типологија, е и црквата Св. Архангел Михаил лоцирана во струшкото село Радожда.
И покрај немањето пишани извори за стилот на поголемиот дел од фреските изработени во внатрешноста на црквата, начинот на нивната изработка укажува на периодот од втората половина на 14тиот век, во кои се изработени сцени од Светото Евангелие, а дел се живописот е изработен и во 19тиот век.
пристапот до пештерската црква Св. Атанасиј е овозможен со скалила изведени во 20тиот век
детали од наосот
детали од фреските во внатрешноста, уништени во текот на времето
Автор на статија: Boris Jurmovski