Пирамидата на Тирана / MVRDV
04.11.2023 • Од регионот
Локација: Тирана, Албанија
Студио: MVRDV
Година: 2023
Површина: 11 835 m2
Пирамидата во Тирана, првично изградена како музеј посветен на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, драматично е трансформирана во нов вид културен центар. Нејзината бетонската конструкција, MVRDV ја претвориja во современа скулптура во новиот парк.
Паркот и скулптурата се дом на ансамбл од шарени кутии, расфрлани во и околу оригиналната зграда во која се сместени кафулиња, студија, работилници, канцеларии, инкубатори и училници каде што младите Албанци бесплатно ќе учат различни технолошки предмети. Додадени се скали на косините на зградата, овозможувајќи им на жителите буквално да шетаат над целиот објект на поранешниот диктатор.
Тирана изминатата деценија станa средиште на смели архитектонски реализации проектирани од најпознатите тековни светски студија.
Пирамидата претставува совршен пример за пренамена на објект со симболика која од една затворена форма на глорифицирање на диктатор, се претвора во победа на слободата на општеството враќајќи го просторот во јавна употреба, дозволувајќи буквално „да му се гази на глава“ над лажното светилиште.
Меѓувремено Скопје се дави во смет, со целосно затворена градска администрација недостапна за никого, со ГУП во разработка зад затворени врати кој нема како да донесе визија, искршени тротоари во центарот на градот, немајќи храброст да ги извади ниту галиите паднати од небо во Вардар… Ах таа чудесна „наша“ земја со уште почуден главен град!
Автор на статија: Filip Koneski
MVRDV / адаптација / Албанија / Енвер Хоџа / Пирамида / пренамена / Тирана